fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Винаријата ИМАКО од Штип корисник на ИПАРД

Преку мерката 3 која поддржува опрема за преработка и маркетинг во последните 4 години склучени се 118 договори, а 92 се веќе реализирани и за нив се исплатени близу 13 милиони евра - средства кои се обезбедени од ЕУ.

Винаријата ИМАКО од Штип за првпат аплицирале за ИПАРД во 2020 година за инвестиции поддржани од Мерка 3, објави Никица Бачовски, директор на Платежната агенција.
-Имавме можност да ни ја презентираат новата опрема која се состои од ладилник (чилер), перисталнични пумпи, акцелератор за мацелација и придружни делови за поврзување и напојување.
По поднесување на уредна документација, корисникот е исплатен за набавката на опремата со грант од 55% – односно 3.3 милиони денари од ИПАРД програмата.
Преку мерката 3 која поддржува опрема за преработка и маркетинг во последните 4 години склучени се 118 договори, а 92 се веќе реализирани и за нив се исплатени близу 13 милиони евра – средства кои се обезбедени од ЕУ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close