Вински туризам: Пет дестинации што мора да ги посетат љубителите на вино
Онлајн магазинот Food and Wine објави листа на пет локации што мора да ги посетат љубителите на вино. Меѓу предлозите на дестинации за вински туризам, се наоѓа и Македонија.
Македонија
Малечката балканска држава, со 2 милиони жители, произведува висококласно вино уште од времето на Цезар, но има добиено многу малку признанија. Може да престојувате во Попова Кула, винарија со соби за сместување во Демир Капија, може да ја посетите винаријата Бовин, што е првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија, од 1991 година и секако винаријата Стоби.
Орегон
Орегон не е познат само по џемот и квалитетното кафе – исто така проиведува и добро вино. Pinot Noir од винаријата Willamette Valley е едно од најдобрите во светот. Кога ќе го посетите, престојувајте во The Allison Inn & Spa. Во шармантниот хотел работи шефот на кујна Сани Џин, што беше номиниран за наградата најдобар шеф во северозападна Америка.
Планините Јура
Популарноста на вината од планинскиот регион помеѓу Франција и Швајцарија станува се поголема, најмногу поради интересниот вкус што доаѓа од екстремните клими и околината. Белите вина Cotes du Jura имаат вкус речиси на некаков чад, а црвените Arboises на јаготки. И двете вина може да ги најдете на имотот Domaine Ganevat. За да го најдете ова место, ќе треба да прашате за насоки во околината – сопствениците не користат интернет.
Аризона
Аризонското Verde Valley wine trail, односно локацијата со повеќе винарии во Седона, е предизвик и конкуренција на познатата Напа. Секоја од четирите локации нуди нешто повеќе за посетителите – едната има долга традиција, што вклучува одгледување на овошје и зеленчук, другата нуди масажи во винските лозја, а сите нудат убави хотелски соби, со вкусна храна и одличен поглед на околината.
Португалија
Алетентехо е место под заштита на UNESCO, како локација што е дел од светското наследство. Воедно е и еден од најпочитуваните вински региони во Португалија. Тука винариите вариираат од старински, налик фарми, надвор од градот, до модерни винарии со одлична околина и луксузно сместување.