Вишокот на тутун ќе се откупува од 15 февруари, тутунарите да пријават во МЗШВ колку имаат вишок на тутун
НАЈНОВА ВЕСТ -Договорените количини од Далија табак ги презема Тутунски Комбинат Прилеп
Вишокот на тутун ќе се откупува од 15 февруари, тутунарите да пријават во подрачните единици на МЗШВ колку имаат вишок на тутун, ова е договорено меѓудругото денеска на средбата на Иницијативниот одбор со министерот Хоџа и откупувачите
Според Саше Мицкоски од ИО, откупувачите прифатиле да го откупат вишокот на тутун по 15 февруари, а дотогаш тутунарите да пријават во подрачните единици на МЗШВ колку имаат тутун без договори, по што откупувачите меѓу себе ќе го распределат тој вишок на тутун и ќе го откупат.
Засега не се знае колку има вишок на тутун па се шпекулира дека таа бројка се движи од 2 до 4 милиони килограми тутун.
Мицкоски вели дека на средбата побарале да продолжи откупот на тутун со оваа динамика со надеж дека до 15 февруари ќе се откупи сиот договорен тутун. Засега се откупени околу 40 проценти од родот.
Околу проблем со откупот во Далија табак на средбата е договорено, договорените количини од Далија табак да ги преземе Тутунски Комбинат Прилеп. Тоа во количина подразбира откуп на 450 тони тутун.
А.Б