fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Висина на субвенции за сите ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2023 година

Институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави дека институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање.

На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ
НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА

Ние ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања за сите поледелски култури, ароматични, лековити и зачински растенија, освен тутунот.

Висината на дополнителите директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа

3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг/ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион.

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афион изнесува 18.000 денари по хектар.

Висината на поддршката од алинеја 4 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.https://agrotim.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close