вестиТоп вести

Влада на РМ: Враќање на сончогледот на македонските ниви преку договорно производство и сигурен откуп

(Oвој напис е објавен на: ноември 8, 2018)

Земјоделци, агробизнисмени, претсатвници на земјоделски здуженија, експерти, директори на институции од областа на земјоделството и сопственици на компании денеска во Владата на РМ одржаа средба на тема – Договорно производство на сончоглед, во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата.

Во конструктивна дебата се отворија сите аспекти на оваа инцицијатива, од кооперантските услови кои ги нуди директорот на Фабриката „Благој Ѓорев“ , како семе и други репроматеријали, до сигурниот откуп на сончогледот за преработка, како и за начините за подобрување на производствените услови за зголемување на приносите.

„Капацитетот на „Благој Ѓорев“ има капацитет за преработка на 40 000 тони сончоглед, а моментално откупуваме само 2000 тони од домашно производство. Останатото го увезувам од Бугарија за што се одлеваат девизи од државата. Токму затоа иницирам кооперантски односи со земјоделските производители во квалитетно семе, репроматеријали, а го гарантирам и откупот по пазарани цени“, вели директорот на „Благој Ѓорев“, Лазов.

Домашното производство на сончоглед последниве години бележи драстичен пад на површините, причините познати како за сите култури, скапо производство, ниска откупна цена и неисплатливост за земјоделците.

„Идејата за договорното производство е одлична и ја поддржуваме. Ова е можност да ја замениме пченицата со сончоглед доколку имаме сигурен пласман. Но потребна ни е и зелена нафта и зголемување на субвенциите како мотив плус за да се префрлиме со производство на оваа култура. Но особено ни е важна поддршката на Владата и МЗШВ во овој процес заради сигурноста дека ќе се почитуваат договорите“ посочуваат земјоделците

„Враќањето на сончогелдот на македонските ниви е многу важен процес кој ќе придонесе во решавање на проблемот со пласманот на пченицата, обработување на напуштени земјоделски површини како и намалување на трговскиот дефицит преку намалену увоз на суров сончоглед за преработка но и увоз на сурово масло кое понатаму преработувачките капацитете во државата ќе можат да го набавуваат од домашно производство. Како влада стоиме до земјоделците и агробизнисмените во сигурноста што значи почитување на договорите и навремена исплата на родот“, рече Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумартсво и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Македонија.

„Со оглед на тоа дека сончогледот е пролетна култура, се сее во март месец, а интересот е голем кај земјоделците во периодт што следи ќе има кампања за што поголемо информирање на земјоделските производители во март месец да се засеат поголеми површини од моменталните 2000 ха“, рече Николовска.


 

a1on

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close