fbpx
ВестиВино

Колку вино ем ракија испиле Македонците лани од „Тиквеш“?

rakija

Компанијата лани на македонскиот пазар ја зголемила продажбата за 1,32 милиони евра до 12,67 милиони евра, а профитот достигнал 1 милион евра

Најпознатиот македонски производител на вина „Тиквеш“ лани успеа да ја зголеми добивката за три пати (300 отсто) во однос на 2015 година, покажуваат податоците од консолидираните биланси што ги објави компанијата. „Тиквеш“ лани завршил со нето добивка од 67,35 милиони денари односно 1,1 милиони евра. „Тиквеш“ лани бележи значаен раст на приходите од продажба особено на приходите од продажба остварени на домашниот пазар, што е изненадувачки позитивен резултат особено ако се знае дека долгорочната развојан стратегија во фокус го имаше продорот и позиционирањето на регионалниот пазар. „Тиквеш“ лани има генерирано од продажби 1,42 милијарди денари односно над 23 милиони евра. Тоа во споредба со 2015 година е раст од 8 отсто односно 110 милиони денари. На домашниот пазар компанијата реализираше 782,1 милиони денари што е раст за 12 отсто односно за 81,5 милиони денари. Реализацијата на странските пазари лани изнесува 633,6 милиони денари односно 29 милиони денари повеќе од 2015 година или 5 отсто раст што е резултат за почит во однос на големата конкуренција на производители на вина на регионалниот и на европскиот пазар.
Лани трошоците за продадени производи и услуги на „Тиквеш“ изнесуваат 790,3 милиони денари и се на ниво од 2015 година. Трошоците за маркетинг и продажба на компанијата изнесуваат 157,4 милиони денари и се за 40,6 милиони денари повисоки од преклани односно пораснале за 35 отсто.

За камати „Тиквеш“ платил еден милион евра

„Тиквеш“ ја бележи најуспешната година во изминативе три години книжи раст на приходите од продажба и на добивката. За да биде сликата комплетна мора да се истакне и другата страна, а таа се однесува на финансирањето на компанијата. Имено лани , според официјални податоци од билансот на успех и од паричниот тек, компанијата платила еден милион евра за камати на своите кредитни обврски. Каматите иако се значаен и голем износ сепак бележат намалување во споредба со 2015 година кога биле повисоки за 10,2 милиони денари.

Од билансот на успех се гледа дека вкупниот финансиски расходи на „Тиквеш“ лани бил 65,5 милиони денари. Во однос на 2015 година е понизок за 9 милиони денари. Од билансот на состојба се гледа дека овие расходи за финансирање произлегуваат од високата кредитна изложеност на компанијата. Од билансот на состојба е видливо дека вкупната изложеност по долгорочни и кратокорочни заеми и кредити изнесува 841,6 милиони денари на крајот на 2016 година. Од тоа краткорочни обврски се 196,7 милиони денари и тие се за 9 отсто повисоки во споредба со 2015 година.

Долгорочните кредитни обврски на крајот на минатата година се 644,9 милиони денари и се за 9 отсто пониски од 2015 година. Вредноста на залихите на компанијата на крајот на ланската година е 1,1 милијарди денари, а побарувањата од купувачите се 316,3 милиони денари и се намалени за 30 милиони денари. Обврските спрема добавувачите исто така се намалени и на крајот на 2016 година изнесуваат 392,5 милиони денари што е 28 отсто помалку од претходната година. „Тиквеш“ е речиси целосно поседувана домашна компанија.

Доминантен акционер е М-6 компанија на поранешни менаџери од скопската пиварница предводена од Свето Јаневски. Оваа компанија поседува 80 отсто од акциите во „Тиквеш“. Акцијата на „Тиквеш“ е котирана на официјалниот пазар на берзата во сегментот берзанска котација и нејзината последна пазарна цена е 2.024 денари за акција. Компанијата во последниве три години не делела дивиденда.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close