fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата го достави Предлог-законот за поддршка на тутунарите во Собранието

Со законот се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување финансиска поддршка за откупот на тутун од реколтата од 2020 година. 

Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот КОВИД-19 врз производството на тутун.

Со законот се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување финансиска поддршка за откупот на тутун од реколтата од 2020 година.

-Со оглед дека не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, како и во интерес на производителите на тутун, Владата го достави предложениот текст на усвојување по скратена постапка, информираа од владината прес-служба.

Според законот, за тутунарите се предвидени 307,5 милиони денари, средства со кои, покрај веќе исплатените субвенции, ќе се постигне, како што рече министерот, просечна цена од над 180 денари за килограм тутун.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close