fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата го задолжи ЕСМ да изработи студија за изградба на фотонапонска електрана во Штип

АД ЕСМ ќе треба да изработи студија за оправданост за изградба на фотонапонска електрана на земјиштето што беше планирано за изградба на карго аеродромот во Штип.

АД ЕСМ ќе треба да изработи студија за оправданост за изградба на фотонапонска електрана на земјиштето што беше планирано за изградба на карго аеродромот во Штип.

– На денешната седница, на предлог на канцеларијата на претседателот на Владата, Владата го задолжи АД ЕСМ да изработи Студија за оправданост и сите потребни технички и финансиско економски анализи со цел изградба на фотонапонска електрана од 300 MW до 350 MW, на локација во непосредна близина на Штип, на земјиштето кое беше планирано за изградба на карго аеродром, се наведува во денешното соопштение на Владата по одржувањето на редовната 69. седница.

Со заклучок на Владата, се задолжува АД ЕСМ да ангажира консултант за подготовка на тендерска документација и помош при спроведување на постапката за изградба на фотонапонската електрана со договор за изградба клуч на рака со обезбедување на потребните финансиски средства од страна на изведувачот согласно меѓународните искуства за ваков тип на проекти. https://nezavisen.mk/vladata-go-zadolzhi-esm-da-izraboti-studija-za-izgradba-na-fotonaponska-elektrana-vo-shtip/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close