fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата им ја одзеде дозволата за одгледување канабис на Заеви, објави Фактор.мк

Влада со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев - Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.

Влада со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.

Компанијата од Валандово од 18 октомври има одлука за „престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“.

Одлуката стапила на сила од 22 октомври. Се уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но соопштена е во „Службен весник“. Фарма Медика Канабис лиценца за одгледување на канабис од Владата добила во 2018.

„1.Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”, објавено е во Службен Весник.

Заев претходно во 2019, според она што е напишано во медиумите, на пратенички прашања во Собранието, објавил дека инвестиците на неговите братучеди во оваа дејност треба да достигнат десетина милиони евра, бидејќи со закон „е дозволено да се произведува лек од канабис“ Тој ги повикуваше и сите инвеститори, кои имаат можност, да инвестираат во оваа дејност „зошто е профиталбилна“ и дека државата очекува нови работни места и прилив од стотици милиони евра.

Компанијата откако ќе поднесе барање за добивање на лиценца до Министерството за здравство, министерот формира посебна комисија составена од двајца претставници од Министерството за здравство, еден претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, еден претставник од Агенцијата за лекови и медицински стедства и еден специјалист од областа на лековити растенија, која ги оценува исполнетите условите во однос на просторот, опремата и кадарот. Министерството за здравство во рок од 30 дена од денот на добиената согласност од Владата го издава одобрението за одгледување.

Според актот на одземање на дозволата, Фарма Медика Канабис има иста судбина како американската „5 Летерс“, досега најпознатата компанија на која и е одземена лиценцата. Министерството за здравство и Комисијата која ги издава лиценците при контрола на почетокот од 2021 утврди дека дел од прозводството било без дозвола, при што Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 Летерс“ лоцирана во селото Алданци, Крушево. https://faktor.mk/vladata-im-ja-odzede-dozvolata-za-odgleduvanje-kanabis-na-zaevi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close