Владата на Република Македонија на денешната седница ја донесе одлуката за воведување на нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите смедеревка и вранец. Корисници на оваа нова подмерка што се воведува во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство од сортите вранец и смедеревка од реколта 2018, и истото го предаваат во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија.Лозарите за оваа нова дополнителна субвенција ќе можат да конкурираат до 25.12.2018 година. Во барањето за аплицирање треба да приложат и доказ ( потврда) дека грозјето е предадено во домашни винарии.
Со воведувањето на оваа нова дополнителна субвенција ќе се придонесе за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти, соопштуваат од Министерството за земјоделство.
Павлина Јовановска