fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Владата ќе склучува договори за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба

НОВА вест!

Владата вчера донела повеќе одлуки околу согласности за склучување договори за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со индивидуални земјоделци како и одлука за давање на согласностите, соопштија од владината прес служба.

Со одлуките, како што информираат од владината прес-служба, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе склучи договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со непосредна спогодба со закупците, претежно од светиниколскиот регион на кои престанаа да им важат претходните договори за закуп заради истек на времетраење на нивните договори, а законот им дава можност за нивно продолжување.

„Продолжувањето на посочените договори доаѓа во пресрет на периодот за поднесување на барањата за финансиска поддршка од мерките за директни плаќања, и со склучувањето на новите договори земјоделците ќе го имаат регулирано корисничко право на земјоделското земјиште во државна сопственост“, велат од Владата.

Како што е посочено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделското земјиште, по истекот на времетраење на склучениот договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, по барање на закупецот, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот за закуп, министерот може, по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство и по претходна согласност од Владата, со непосредна спогодба, да склучи нов договор за закуп со закупецот, најмногу за период од петнаесет години.

„Но, во случај кога истекува времетраењето на договорот за закуп, а на земјоделското земјиште има подигнато долгогодишен насад во сопственост на закупецот и закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот, по барање на закупецот, министерот може со непосредна спогодба да склучи нов договор за закуп, по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство и по претходна согласност од Владата, за период најмногу до амортизацијата на долгогодишниот насад“, прецизираат од Владата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close