Вести
Владата на Република Македонија ќе продолжи со субвенционирање на пченицата
Ноември е месец кога се последните денови на есенското сонце, кога земјоделците го сеат лебното зрно. И за 2017 година Владата на Република Македонија ќе продолжи со субвенционирање на пченицата како лебно жито и јачменот, со 12 000 денари по хектар, за сите оние кои ќе користат сертифициран семенски материјал, а 4 800 денари, за сите оние кои ќе засејат пченица и јачмен на површини на 10, а под 50 хектари. Сеидбата се одвива со надеж за подобри цени во следната сезона, и со голема поддршка преку субвенционирањето.
На следниот линк можите да ја слушните изјавата на Директорот на АПРЗ Г-динот Игор Златков