fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата најави отстапување државно земјиште за производство на жито – дали може сами да произведеме доволни количини?

Од министерството за земјоделство потврдија дека на располагање ќе се стават околу 12 илјади хектари.

Од министерството за земјоделство потврдија дека на располагање ќе се стават околу 12 илјади хектари. Се прават сите анализи за да се обработи секое парче обработлива земја.

Околу 12.000 хектари државно земјоделско земјиште наскоро ќе биде објавено на јавен оглас. Земјоделците ќе може да аплицираат со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури. До министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот е се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок  Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица, се вели во допсиот од министерството за земјоделство.

Поранешниот министер за земјоделство Димовски, пак проблемот го лоцира и кај она земјиште кое веќе е дадено на користење, но не се обработува.

Уште едне проблем за земјоделците е и набавката  на вештачко ѓубриво, до кое се потешко доаѓаат, откако  Русија го сопре извозот.

https://sitel.com.mk/vladata-najavi-otstapuvanje-drzhavno-zemjishte-za-proizvodstvo-na-zhito-dali-mozhe-sami-da

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close