fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата објави: Колкави плати добиваат премиерот Заев и останатите министри

Платите на министрите без пресметан стаж се од 1.100 до 1.300 евра

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат.

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок. Во таа насока, во продолжение е висината на нето платата исплатена за месец декември 2020 година“, стои во соопштението на сајтот на Владата.

Премиерот Зоран Заев има најголема плата и таа изнесува 87.813 денари. Понатаму следува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема  85.113 денари личен доход (со 18 години стаж).

На третото место е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.

Министерката Радмила Шекеринска сега е на четвртото место со 72.989 денари, што е помалку за 6.161 денар во однос на претходната. На петата позиција е Ирена Стефоска, министерката за култура, со 72.670 денари.

Вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи добиваат по 71.385 денари, а првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи добиваат по 70.102 денари плата.

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупција, добива 68.179 денари, колку што е месечниот доход и на министерот за здравство Венко Филипче. Горан Милевски, министерот за локална самоуправа, има 70.102 денари и повисоко котира од Николовски и Филипче. Повеќе од овој двоец добива и Фатмир Бесими, министерот за финансии, со 69.783 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close