fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Владата повторно додели земјиште на фирма обвинета во „Адитив“, објави „Фактор“

Владата на седницата на 3 јуни донела одлука за согласност за случување на договор за закуп со оваа фирма за земјоделско земјиште во неготинско Пепелиште од над шест хектари во непосредна спогодба.

Владата повторно дозволи да му се издаде под закуп огромно земјоделско пространство на „ХемАлијанс“, фирма обвинета во случајот „Адитив“, чие судење започна пред две недели кое се однесува на набавката на хемиски препарат против созадавање на згура и троска во котлите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, објави faktor.mk

Во случајот обвинети се 31 физичко и пет правни лица, а „ХемAлијанс“ е една од обвинетите правни субјекти. Обвиненијата вклучуваат и пререгистрација на правни субјекти за манипулација со тендери, како и перење пари во износ од над 414 милиони денари.

Меѓу обвинетите се и шест поранешни директори во Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски кој е во бегство, Васко Стефанов, Пеце Матевски, Ардијан Муча, Данчо Стојановски, како и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е поврзан со семејната фирма „ХемАлијанс“.

Владата на седницата на 3 јуни донела одлука за согласност за случување на договор за закуп со оваа фирма за земјоделско земјиште во неготинско Пепелиште од над шест хектари во непосредна спогодба.

„Со оваа одлука се дава согласност за склучување на Договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштвото за производство, трговија и услуги ХЕМАЛИЈАНС ДООЕЛ Неготино, со седиште во Населено место без уличен систем Пепелиште, Неготино, за земјоделско земјиште под долгогодишен насад кое се наоѓа на КП бр.1601/26, место викано “Бела Земја”, катастарска култура нива, катастарска класа 4, со површина 6ха 64ари 23м2, запишано во Имотен лист бр.1086 за КО Пепелиште, во сопственост на Република Северна Македонија“, објавено е во Службен весник.

Семејната фирма на Стојановиќ, поранешен директор на термоцентралата во Неготино, инаку осомничен во случајот „Адитив“ но и под лупа за најмалку уште една спорна јавна набавка, и претходно во февруари од Владата доби дозвола за долгогодишен закуп на државно земјоделско земјиште.

Се работи за површина од над 7 хектари која на владина седница на 4 февруари е доделена на Хем-Алијанс Неготино. Земјиштето се наоѓа на катастарска парцела во Пепелиште,од каде е и самата фирма. Министерството за земјоделство добило дозвола од Владата во рок од 30 дена да го потпшише договорот за закуп.

Пред повеќе од две години Хем-Алијанс доби тендер од 630 илјади евра за набавка на  „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел “ за потребите на РЕК Битола, додека Стојановиќ беше директор на ТЕЦ Неготино. Оправдувањето од Електрани на Македонија тогаш беше дека набавката е спроведена во РЕК Битола и истата во никој случај не се однесувала за ТЕЦ Неготино.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close