Владата предлага намалување на царините за суровини и репроматеријали за домашната индустрија
Со донесување на овој закон всушност ќе се реализира Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на КОВИД-19
Владата на 127-ма редовна седница, со која претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги утврди измените на Законот за Царинската тарифа со кои се предлага намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија.
– Со донесување на овој закон всушност ќе се реализира Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на КОВИД-19, како и за поголема усогласеност со Царинската тарифа на Европската унија и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската Трговска Организација, се наведува во соопштението од владината седница. https://nezavisen.mk/vladata-predlaga-namaluvanje-na-carinite-za-surovini-i-repromaterijali-za-domashnata-industrija/