fbpx
ВестиТоп вести

Регионализација на земјоделското производство

Климатските услови последните неколку години сѐ повеќе влијаат на земјоделското производство. Сушите, поројните дождови и мразевите го уништуваат родот. Со проектот на ФАО ќе им се помогне на фармерите и ќе им се препорачуваат култури и сорти кои во нивниот регион ќе дадат најдобри резултати.

Земјоделците ќе добиваат листи на препорачани култури и сорти на семе кои најмногу успева во нивниот регион.

Поделбата на регионите која ќе се прави со помош на светската организација за храна, ќе претставува информативен систем на Македонија за составот и за структурата на почвата и на климатските услови ,за културите и сортите, за потребите од агротехнички мерки и инвестиции во инфраструктурата.

Земјоделските производители и потенцијалните инвеститори често немаат информации и податоци за тоа кои култури, сорти и семиња најдобро успеваат во одделни производни регони за зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на производот.

Овие информации во голема мерка ќе ги намалат погрешните инвестиции и ќе се користат за приспособување на земјоделското производство во однос на  климатските промени. Листата со препорачани култури и сорти ќе биде подржана со мерките за финансиска поддршка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close