fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата прифати нов анекс : Автопатот Кичево – Охрид ќе се гради уште две и пол години

Според новиот анекс, се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Владата по синоќешната седница објави дека е прифатен нов Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу  Јавното  претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

Според новиот анекс, се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата. Според претходните информации на „Фактор“ кои ги објави минатиот месец, Владата еднаш веќе им испратила предлог анекс на договорот, но Кинезите го одбиле. Проблемот всушност пак се врзува на некаков начин со роковите на довршување. Владата барала Синохидро да довршува делница по делница и да ја пушта во употреба, а кинеската компанија на тоа не се согласува. Имено ако целиот автопат од Кичево до Охрид е во пет делници, Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок. Сите овие несогласувања резултираат со тоа анексот до сега да не биде готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување во Собранието до крајот на изминатиот јуни.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close