Рекордни цени на путерот во Европа

(Oвој напис е објавен на: August 10, 2017)

puter

Цените на путерот во Европа достигнуваат рекорди поради промената во прехранбените навики кај луѓето.

Млечните гиганти, од друга страна, предупредуваат дека на Европа ѝ се заканува недостиг на овој продукт.

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, цената на путерот во јуни скокнала 14 отсто.

Во Европската Унија резервите на путер на крајот на мај паднаа на 1,39 илјада тони и практично исчезнале во однос на 92,55 илјади тони во мај минатата година.

За скок на цената на путерот има две причини – првата е сè пониската цена на откупните цени на млекото во Европа, а втората е што медицинските истражувања покажуваат дека путерот е поздрав од маргаринот.


 

макфакс