Владата работи на решавање на проблемот со Србија со прехранбени артикли

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2018)

Владата работи на решавање на проблемот со Србија која најавува контрамерки за увоз на сите наши земјоделски и прехрамбени производи. Заканата произлезе откако македонската влада донесе нов правилник за влез на странско брашно во Македонија, кој како што велат српските мелничари извозот го прави речиси неисплатлив. Според премиерот Заев, за надминување на трговската војна уште денеска ќе се преговара на министерско ниво.

„Верувам дека кога сме наоѓале во минатотот решение на многу потешки прашања, и на ова ќе најдеме. Уште денесска ќе има разговори помеѓу соодветните министри за да може да се најде решение.“ – изјави Зоран Заев, премиер.

Со новиот правилник за увоз на брашно е предвидено контролните маркички да се ставаат на пратките откако тие ќе се увезат во земјава и ќе ги поминат сите контроли. Претходно бандеролите се праќале кај самите извозници и се ставале на пакувањето уште пред тие да тргнат кон земјава.

Здружението „Житоунија“ од Нови Сад предлага истата процедура да се воведе и за македонските производи кои спакувани во амбалажа одат во Србија, односно пред да се пуштат во промет да се распакуваат, контролираат и повторно да се пакуваат со нови декларации. Српското министерво за трговија преку ЦЕФТА веќе побарало  објаснување за новите мерки од македонските власти.

„Процедурата е во тек, се обидуваме да ги утврдиме фактите. Нашата цел е да ги заштитиме интересите на српските производители и извозници, како на брашното, така и на и други производи.“

Србија годишно извезува од 30.000 до 40.000 тони брашно во Македонија по конкурентни цени, кои честопати се причина за жестоки трговски спорови меѓу двете земји.