fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата вети не исполни-Оризопроизводителите на протест

Кочанските оризопроизводители и денеска на протест во селото Облешево, со земјоделската механизација ја блокираа само едната коловозна лента.

Кочанските оризопроизводители и денеска на протест во селото Облешево, со земјоделската механизација ја блокираа само едната коловозна лента. Протестот е по пауза од 20 дена. Остануваат незадоволни од она што Владата го ветила, а не го исполнила. Откупната цена не е покачена, а тврдат и дека нема откуп. Оризопроизводители, а особено младите велат дека состојбата е лоша, немаат пари да ги платата комбајните, а драстично е скокната и цената на репро материјалите.

Кочанските оризопроизводители имаат поддршка и од Синдикатот за земјоделци. Претседателот, Ставре Јанев вели дека имаат 12 барања, но во моментов најприоритетно е исплата на редовните субвенции и оризовата арпа да има производна цена, како стратешка култура. Полните амбери од ланската реколта, но и новите колични кои се жнеат се предлага да бидат откупени од страна на државата за стоковите резерви.

Премиерот Заев денеска констатираше дека протестите се политички обоени, смета дека како Влада направиле многу за овие земјоделци. Но, за утре во Скопје во 10 часот е сепак закажан состанокот меѓу ресорниот министер со кочанските оризопроизводители и синдикатот.https://telma.com.mk/2021/10/12/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close