Власта очекува видливи ефекти во економијата уште во првиот квартал и најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции
Владата очекува ефектите од нејзините мерки за стабилизација на економијата да станат видливи уште во првиот квртал од годината, а од владејачката СДСМ стигнуваат најави за вложување на околу 23 милијарди денари во капитални инвестиции во текот на 2021-та.
Владата очекува ефектите од нејзините мерки за стабилизација на економијата да станат видливи уште во првиот квртал од годината, а од владејачката СДСМ стигнуваат најави за вложување на околу 23 милијарди денари во капитални инвестиции во текот на 2021-та.
Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера од Тетово најави дека веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, најавувајќи и други средства за пакетот мерки за годинава, покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории кои ги чувствуваат ефектите од ковид-кризата.
Бесими нагласи дека некои мерки веќе се применуваат, потенцирајќи дека се во комуникација со коморите за нивна реализација, при што во континуитет ќе се работи и на нивно промовирање.
– Тоа што е важна порака до стопанствениците и граѓаните е дека ние во секојдневна основа ги следиме движењата, слушаме, добиваме одредени сугестии, правиме анализи и навремено ќе излеземе со одредени мерки, како што беше 2020. По сите извештаи на ММФ и на други релевантини институции и ефектот на микроекономски политики и мерки даде резултат во ублажување во ефектот од кризата што го имаше во нашата економија и нашиот живот, потенцира Бесими.https://nezavisen.mk/vlasta-ochekuva-vidlivi-efekti-vo-ekonomijata-ushte-vo-prviot-kvartal-i-najavuva-23-milijardi-denari-za-kapitalni-investicii/