fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

64% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот токму заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца

Тренчевска вели заедно да го направиме видлив трудот на руралната жена

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаим, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, сопругата на Претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, Претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски и Регионалната директорка на Шведската организација за развој We Effect, Анели Леина присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на Руралната жена во Демир Капија.

Во своето обраќање Тренчевска се задржа на трудот на жените во руралните средини и посочи дека 64% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот токму заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми.

„Токму неплатената работа во земјоделието е клучен сегмент на неформалната економија , со која ние како Министерство за труд и социјална работа во проект финансиран од Европскиот предпристапен механизам во склоп на кој се креира софтвер за брза евиденција на работници во земјоделството“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека со лесна евиденција на часовите кои ги работат жените од руралните средини на нивите ќе се обезбеди евидентирње на работни часови, кои пак ќе им помогнат за еден ден остварување на правото на пензија.

„Како Министерство за труд и социјална политика сме посветени и работиме и на пронаоѓањето начини за креирање на можност за остварување на платено родителско отсуство на жените фармери, за обезбедување на соодветна здравствена зашита токму во овој период од нивниот живот“ изјави Тренчевска.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close