fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Бабовски

АХВ не си ја врши работата и дозволува увоз на штетни млечни производи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  продолжи со обвинувањата кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и директорот Николче Бабовски зашто во земјава дозволиле увоз на неквалитетни млечни производи.

По обвинувањето дека во земјава се увезени и пуштени во употреба 20 тони канцерогено млеко, кое потоа АХВ го демантираше,  од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека е увезен протеински јогурт со зголемено ниво на афлатоксин.

Претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, покажа документи од лабораториски испитувања на протеински јогурт увезен од Србија и млеко од млекарница во земјава, а кои, како што тврди, покажуваат зголемено ниво на афлатоксин во продуктите.

„Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирани. Јавно прашуваме дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во земјава се пуштени во промет или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Македонија?“,

рече Трипуновски на денешната прес-конференција.

Од партијата обвинија и оти Агенцијата не информирала навреме дека канцерогеното млеко од Србија е вратено кај извозникот, туку дека тоа го соопштила откако ВМРО-ДПМНЕ вчера го обелодени овој случај.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close