ВМРО-ДПМНЕ: Четири пакети антикризни мерки, резултати нула, а економијата во рецесија
Опозициската партија оценува дека дел од мерките кои владата ги предложи до сега не се започнати, дел од мерките поминаа неславно.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека владата не успеа да ја подобри економската состојба во земјата иако донесе четири пакет мерки.
Според партијата, досегашните таканаречени антикризни мерки не даваат никакво подобрување во економијата, напротив секој ден таа тоне се повеќе. Дел од мерките кои владата ги предложи до сега не се започнати, дел од мерките поминаа неславно, а дел власта ги искористи само за поткуп на гласачи за време на предвремените парламентарни избори.
– Државата е во рецесија, сите економски анализи говорат дека 2021 година ќе биде полоша година за економијата од 2020 година.СДСМ брутално излажа дека до сега кај стопанството и кај граѓаните се вратени на 1.2 милијарди евра. Според пресметките и анализите до сега во овие 4 пакета на таканаречни антикризни мерки во економијата се вбризгани едвај 340 милини евра. Најпрвин лажеа дека реализацијата достигнала над 1 милијарда, па сега 1.2 милијарди, а немаат реализација ни една третина од своите лаги- велат од ВМРО-ДПМНЕ.