fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ: Цените на основните намирници за една година пораснаа и за 20%

Цените на основните намирници за една година пораснаа и за 20%, со лошите политики на Заев се очекува покачување за уште 50%.

Цените на основните намирници за една година пораснаа и за 20%, со лошите политики на Заев се очекува покачување за уште 50%.

Зејтинот лани се продаваше за цена од 67 денари сега се продава по цена од 95, или 100 денари. Млекото кое лани се продаваше за 45 денари сега се продава по 52 денари, а брашното од 34 денари стана 40 денари.

Цените на основните намирници драматично растат. А, стандардот на граѓаните е се послаб.

Вчера стопанските комори алармираа дека може да се очекува ново зголемување на цените и до 50%, тоа е огромен ценовен шок кој граѓаните не можат да го издржат.

Со оваа влада не може да очекуваме стабилност и извесност. Со Заев животот е крајно неизвесен и нестабилен. На 17 октомври сите ние ќе можеме да ставиме крај на неизвесноста и немаштијата во која не втурнаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close