fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ: Владата вели има пченица, а мелничарите велат дека немаат резерви

Ако има пченица како што тврдат Николовски, но  и целата влада, зошто  не се интервенира на пазарот со домашните резерви за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?

Власта на СДСМ и ДУИ лажеше дека Македонија има доволно пченица, а сега најавуваат дека ќе бараат од Бугарија и од Србија.

Власта на СДСМ и ДУИ самата изјави дека знаеле каква криза ја очекува државата уште од ноември и не се подготвиле на време, како што тоа го правеле одговорните власти од другите земји.

Власта на СДСМ и ДУИ тврдеше дека резервите се полни, а сега се доведуваме во ситуација мелничарите да алармираат дека нивните резерви со пченица се за период од неколку дена и дека ако не внесеме пченица од странство нема да има што да обработуваат.

Состојбите се алармантни, а владата очигледно дека нешто мати.

Ако има пченица како што тврдат Николовски, но  и целата влада, зошто  не се интервенира на пазарот со домашните резерви за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?

Оваа влада дозволи народот плаќа 110% поскап леб од лани, но постојат стравови дали воопшто има Македонија доволно пченица и дали ако се увезе ќе се увезува многу поскапо што уште еднаш ќе удри по стандардот на граѓаните

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close