Во 2022 забележано зголемување на извозот од Албанија во Македонија
Најизвезувани и понатаму се свежите производи: домати, краставици, риба, јужно овошје, како и тестенини.
Во периодот јануари-ноември минатата година албанскиот извоз во Македонија е поголем за 4,5 милијарди лека, споредено со истиот период претходната година, јави албанската државна агенција, АТА.
Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешната трговија, во периодот јануари-ноември во Македонија се извезени стоки во вредност од околу 16 милијарди лека.
– Во текот на извештајниот период увозот од Македонија во Албанија се зголемил за 2 милијарди лека. Увозот резултира со бројки од 14 милијарди лека, наспроти 12 милијарди колку што бил во тој период од 2021 година, наведува ИНСТАТ.
Најизвезувани и понатаму се свежите производи: домати, краставици, риба, јужно овошје, како и тестенини.
Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамки на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 и од 2011 година. Трговијата меѓу двете земји е либерализирана и функционира без царински давачки.https://www.vecer.press/