Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во Башино село несовесни направиле депонија од празни канти од палмино масло
Се бара сторителот!
Во координација помеѓу Државниот Инспекторат за животна средина, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен Регион, Канцеларија Кавадарци со Општина Велес и Раководителот на Одделот-Хигиена при ЈКП Дервен од Велес извршен е увид на лице место во н.м Башино село, Велешко и др.локации заради непрописно депонирани празни канти во кои претходно имало палмино масло за угостителски потреби кое претставува неоопасен отпад. Истите се целосно отстранети и локациите се исчистени.
Во соработка со Општината Велес следат понатамошни активности во инспекциска постапка за утврдување на сторителот, по што повторно ќе биде известена јавноста.