вести

Новини во ИПАРД 2

ipard

На земјоделците кои ќе користат финансиски средства од ИПАРД 2 програмата на располагање им стојат неколку поволности. Можат да го користат гарантниот фонд, субвенциите за банкарските камати и готови типски проекти за сточарски фарми и повеќегодишни насади.

Земјоделците, бизнис операторите и корисниците на ИПАРД кои ќе побараат кредити за финансирање на инвестицијата од неколку банки и штедилници, 50 проценти од хипотеката можат да ја обезбедат преку гарантниот фонд. Највисоката вредност на кредитот за кои може да се користи овој гарантен фонд изнесува 500.000 долари во денарска противредност.

Фондот ќе функционира во наредните 10 години и преку него е планирано да се пласираат кредити во висина до 26 милиони американски долари сите наменети за крајната цел, модернизирање на земјоделско производство.

Досега 13 корисници на ИПАРД 1 имаат искористено околу 1,2 милиони долари од Гарантниот фонд.

Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година се издвоени 15.000.000 денари за субвенционирање на камататите до 50 проценти, а досега се поднесени 105 барања.

На земјоделците исто така им стојат на располагање и 27 бесплатни типски проекти за изградба на сточарски фарми, за подигнување на овошни и лозови насади и за изградба на мандри и силоси.


 

 

мртв

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close