
Агро бизнисВестиМакедонија
Во Битола се одржа обука за TAFE сервис – во рамки на Синпекс Академијата
Обуката беше фокусирана на моделот TAFE 7515, со посебен акцент на неговиот Euro 5 мотор.
Во рамки на Синпекс Академијата минатата недела се одржа дводневна обука за TAFE сервис! Обуката беше фокусирана на моделот TAFE 7515, со посебен акцент на неговиот Euro 5 мотор.
Во соработка со TAFE официјалната обучувачка екипа од Индија беше реализирана регионална обука на балканско ниво.
Присуствуваа и учесници од Србија, Босна и Херцеговина и Косово, што уште еднаш ја потврдува важноста на континуираната едукација и размена на знаење во сервисната поддршка.




