fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во битолското село Егри одбележан Светскиот ден на храната

„Нашите акции се нашата иднина. Подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот“’

– Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во битолското село Егри одржа промотивен настан по повод Светскиот ден на храната. Годинава активностите се одвиваат под мотото „Нашите акции се нашата иднина. Подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот“’ со посебна посветеност кон децата од руралните средини. Целта е да се поттикне нивната свест за значењето на земјоделско-прехранбените системи.

-КОВИД-пандемијата ги наруши земјоделско-прехранбените системи и предизвика невидена глобална економска рецесија, која влијае на егзистенцијата на многумина. Но, начинот на кој ја произведуваме, консумираме и, за жал, ја фрламе храната, предизвикува огромна штета на нашата планета и притисок врз природните ресурси, животната средина и климата. Три милијарди луѓе не можат да си дозволат здрава исхрана, додека прекумерната тежина и дебелината се во постојан пораст ширум светот. Ваквата неефикасност не чини трилиони долари, и што е најважно, денешните земјоделско-прехранбени системи откриваат длабоки нееднаквости и неправди на глобално ниво, истакна постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак. Селото Егри е едно од деветте активни подрачја каде се спроведува консолидација на земјоделското земјиште во рамки на проект финансиран од ЕУ и ФАО, потсети раководителот на Секторот за консолидација во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Кирил Георгиевски.

Северна Македонија, како дел од ОН и членка на ФАО, останува посветена на спроведување на проекти и програми чија цел е подобрување на продуктивноста и конкурентноста на земјоделското производство и унапредување на животот во руралните средини. Оваа година ги ангажиравме најмладите за да ги инспирираме да преземат акција и самите да станат херои на храната. Децата во Егри треба да го искористат изобилството на локално знаење за земјоделството и производство на храна, но и да бидат креатори и застапници за Свет без глад и одржлив равој, посочи Георгиевски. На Светскиот ден на храната се обрати и Кристина Митиќ Арсова, национален тим лидер, ученици од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Егри изведоа пригодна програма и изложба на домашни земјоделски производи, а за учесниците се одржа и предавање на тема „Земјоделско-прехранбени системи и патот на храната од нива до трпеза’’.https://opserver.mk/makedonija/opstini/vo-bitolskoto-selo-egri-odbelezhan-svetskiot-den-na-hranata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close