Во два примерока од кочанскиот ориз утврдено присуство на ГМО
Два од седум примероци на кочански ориз се позитивни на ГМО тестот, велат од Државниот инспекторат за земјоделство. Мострите денеска се испраќаат на суперанализа во Германија, каде што ќе треба да се открие и квантитавноста, односно степенот на модификација кој го содржат.
Од инспекторатот, сепак, не откриваат за која сорта на ориз станува збор, ниту колкава е вкупната количина на генетски модифициран ориз.
Агенцијата за храна и ветеринарство објави два случаи на генетски модифицирана храна. Суперанализите во другиот случај покажаа дека има ГМО во два соини производи на Виталија.
Владата ќе одлучува за предлог-Правилник на АХВ за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се продава храна со мининални модфикации. Со овој предлог ќе се утврди и прагот на тоа што е ГМО храна, а што не е. АХВ планира и од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.