Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во Дебреште тутунот се откупува, ама по срамни 65 денари за килограм
Тутунарите од Дебреште се соочуваат со катастрофален откуп на тутунот
Во Дебреште добар дел од произведениот тутун остана неоткупен. Тутунарите од овој крај се жалат дека со продолжениот откуп, се откупува по 100 тони на ден, но по катастрофално ниска цена од само 65 денари за килограм.
-Срам и брука, пишуваа тутунарите од Дебреште на социјалните мрежи кои се жалат на големи одбитоци од 15 до 25 проценти од предадениот род. За нив голем проблем е и немањето на картони за да се подготви тутунот за откуп, па родот се уште им стои во балиња.