fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно со повремени врнежи

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.Според УХМР, во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close