fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во ЕУ за една година лебот поскапе 18 отсто, најмногу во Унгарија, дури 66 отсто

Најголем пораст на цената на лебот во ЕУ, за 66 проценти е забележан во Унгарија.

Од август 2021 до истиот месец годинава цената на лебот во Европска Унија забележа раст во просек од 18 проценти, се наведува во денешниот извештај на европската агенција за статистика Евростат.

За споредба цената на лебот во ЕУ во период од август 2020 до истиот месец во 2021 година се зголемила за три отсто.

Се разбира, не сите земји-членки имаат слична инфлација. Најголем пораст на цената на лебот во ЕУ, за 66 проценти е забележан во Унгарија. Потоа следат каде порастот е 33 односно 32 отсто. Во Литванија, Естонија и Словачка кои забележаа скок на вредноста на лебот за 33 и 32 отсто. Во Холандија и Луксембург цената на лебот е поголема за 10 проценти, додека во Франција, земјата на багетот, цената на лебот е повисока за осум отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close