fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во гостилница во Крива Паланка служеле замрзнати колбаси и полуподготвена замрзната храна

Во Крива Паланка казнети гостилница и маркет чувале небезбедна храна!

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни  контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени  педесетина килограми небезбедна храна.

 

За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како  небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи.

 

За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и полуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло.

 

Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни  книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.

 

Недоследности не се утврдени  при спроведени инспекциски контроли кај  пицерија и две месарници во овој град.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close