Во Карпош отворен традиоционалниот пазар на зелки, кој ќе трае еден месец
Времениот пазар е поставен на улицата „ Скупи“. Општината сето ова го прави без паричен надоместок, сé со цел да се поттикне локалната микро трговија и земјоделско производство.
Од изминатиот викенд, во Општина Карпош започна традиоционалниот пазар на зелките, кој ќе трае еден месец.
Локалната самоуправа на мештаните – земјоделци од населбата Бардовци и Злокуќани и оваа година им обезбеди времено користење на просторот кој ќе биде наменет за продажба на производи за претстојната сезона, велат од општината.
Ова населено место во Општина Карпош е надалеку прочуено по производство и пласман на овој вид зеленчукова култура, и токму во овој период, кога зелката е стасана како готов производ, локалната самоуправа им излегува во пресрет на земјоделците и на еден поорганизиран начин го уредува просторот на кој се наоѓа пазарот за зелки.
Времениот пазар е поставен на улицата „ Скупи“. Општината сето ова го прави без паричен надоместок, сé со цел да се поттикне локалната микро трговија и земјоделско производство.