fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Кичевско најголеми површини пролетва ќе бидат засеани со пченка

Покрај пченката на големи површини ќе бидат застапени и градинарските култури на 315 хектари и компирот на 255 хектари.

Во кичевско наскоро ќе започне пролетната сеидба за која земјоделците ги подготвија обработливите површини а најголеми површини ќе бидат засеани со пченка,вкупно 728 хектари. Покрај пченката на големи површини ќе бидат застапени и градинарските култури на 315 хектари и компирот на 255 хектари.

-За пролетната сеидба во нашата општина се подготвени 1105, 5 хектари под ораници, а  најзастапени култури ќе бидат пченката на 728 хектари, од кои 720 хектари ќе бидат засеани од индивидуалните земјоделци, додека осум хектари од земјоделски претпријатија, рече раководителот на Подрачното одделение, Снежана Софрониевска.

Таа посочи дека на второ место на оваа листа листа се градинарските култури, кои ќе бидат засадени на 315 хектари од кои пет хектари од земјоделски претпријатија и 310 хектари од индивидуални земјоделци.

Потенцира дека и компирот ќе биде застапен на поголема површина и тоа 255 хектари, од кои пет хектари засадени од земјоделски претпријатија и 250 хектари од индивидуални земјоделци. Таа ги наброја и останатите пролетни култури кои ќе бидат застапени во овој регион.

– Од градинарските култури застапени ќе бидат доматот на 25 хектари, кај индивидуалните земјоделци и  пиперката на 35 хектари, додека фуражните култури и луцерката ќе бидат застапени на по 31 хектар од кои по еден хектар ќе им припаднат на земјоделските претпријатија, додека преостанатите површини се на индивидуалните земјоделци, истакна Софрониевска.

Од пролетните житни култури ќе биде засеан и овес на 8,5 хектари.

Потсети дека обезбедена е доволна количина на семенски материјал, како и вештачко ѓубре и најави дека количините на т.н. зелена нафта што ќе ја добијат земјоделските производители за наредна година ќе биде двојно поголема.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close