вестиЛов и риболовТоп вести

Кои риби не смеат да се ловат, а кои можат и во колкава количина

 

Јавното претпријатие „Стрежево“ соопштува дека согласно Правилникот, на рекреативната зона “акумулација Стрежево” не смеат да се ловат риби под следните големини во 2020 година: Крап (Cyprinus carpio) 40 cm, Пастрмка (Salmo sp.- сите видови) 35 cm, Карас (Carassius carassius) 20 cm, Сом (Silurus glanis) 70 cm, Клен (Squalius sp. – сите видови) 30 cm.

Од друга страна, дозволена количина на дневен улов изнесува 3 килограми. По исклучок, дневно, со маса поголема од 3 килограми дозволен е улов на 2 (два) примероци на крап и 1 (еден) на сом.

За видовите “сребрен карас”, “виножитна пастрмка” и “сончаница” нема никакво ограничување и истите можат да се ловат, во сите должини и неограничени количини

извор: Тера Тв

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close