fbpx
Вести

Во Кочани презентирани новите машини за жнеење на оризот и сецкање на сламата

Досегашните машини кои што вршеа жетва на оризот не ја сецкаа сламата и истата претставуваше проблем при обработката на површините за следната сезона на земјоделците. Затоа тие на пролет вршеа спалување на сламата. Бидејќи таквата постапка на спалување е забранета со закон а и како агротехничка мерки не е добра, бидејќи скоро 50% од вкупната биомаса во производството е сламата и истата треба да се врати повторно во почвата и да се заора, се воведуваат нови технологии кои што вршат сецкање на сламата.

vo kochani prezentirani novite mashini za zhneenje na orizot i seckanje na slamata

-Така исецканата слама не смета при обработката односно при основното орање таа се заорува и понатаму се минерализира. Треба постепено да се воведуваат комбањи кои што вршат сецкање на сламата за да го решиме проблемот со спалување на сламата, рече проф. д-р Добре Андов, Институт за ориз Кочани.

Воведувањето на новите технологии би требало да го реши проблемот на земјоделците со палењето на сламата во текот на пролетта.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close