fbpx
Вести

Македонија во 2018 година ќе биде партнер на Интернационалниот саем за земјоделство и храна во Словенија

Македонија следната година ќе биде земја партнер на 56-от Интернационален саем за земјоделство и храна „AGRA“, што секоја година се одржува во Горна Радгона, во Словенија. Годинава партнер на саемот беше Народната Република Кина. Поканата за партнерство, на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, му ја врачи заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан.

Ова е голем успех за Македонија, ако се има во предвид дека се работи за еден од најголемите интернационални саеми во Централна и Источна Европа, на кој присуствуваат ресорните министри од земјите од Централна и Источна Европа. Ова година на саемот се претставуваат повеќе од 1.700 изложувачи од 30 држави во светот. За Република Македонија, е обезбеден промотивен простор на саемот од 9м2, на кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се претстави со органско земјоделско производство.

Во рамки на годинешниот саем, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан, на која е договорена  помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Конкретно, министерот Жидан, порача дека Словенија ќе и помогне на Македонија во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Исто така Словенија ќе помогне и во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби. Во таа насока, тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период  ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close