fbpx
Вести

Во Македонија расте потрошувачката за здрава храна

Оваа година органската храна и производителите на органски производи од Македонија беа вклучени во еден од најпосетените саеми во нашата држава, Агрофуд, каде повеќе од 10 производители ги изложија и продаваа своите производи.

hvy-10820

Главниот слоган на фестивалот кој беше :„Јас бирам здравје, а ти?“ има за цел да ги поттикне граѓаните да размислат какви производи конзумираат и колку изборот на храна влијае на нивното здравје. Целта на слоганот, но и на „Денот на Органско Производство“ беше да се создаде корелација помеѓу двата поима “здравје” и “органско” и користењето на органската храна ќе се разбере како потреба за здрав живот и долгорочна виталност.

efddc2fb-d57b-4c32-98f5-2e946898b118-8785f4c0-7ee4-49bc-b683-0051d7c16e69-073dbb8d-fbb2-45ee-945f-b066b5874aa5-ANASTASIJA Agrofood 2015 (1)

За некој продукт да се смета за органска храна, тој мора да се добие со следење на овие правила:

– Производителот мора да поседува сертифакат за органско производство

– Површината на која се одгледува органска храна најмалку две претходни години не смее да биде третирана со недозволени препарати

– Таа површина мора да има јасно означени граници, растенијата да се заштитени од можна контаминација од препаратите кои се користат во сoседните површини

– ГМО е строго е забрането и сè мора да биде во склад со природата.

vo makedonija raste potroshuvachkata za zdrava hrana

 

Постојат бројни студии кои даваат различни резултати кога станува збор за хранливата вредност на органската храна. Според резултатите од една студија, во органскиот домат има повеќе витамин Ц за разлика од обичниот домат. Според друга студија, органските јагоди и пченка содржат повеќе антиканцерогени флавониди. Истото важи за сите органски производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close