вести

Нормализиран откупот на „куртовска капија“

Се нормализира откупот на „куртовска капија“, кој годинава почна речиси два месеца порано, велат од Сојузот на земјоделците. Топлото време го забрза зреењето на родот на годинешната реколта, која стигна до откупувачите и конзервната инустрија веќе од почетокот на август. Проблем создаваат и залихите од пиперките.

normaliziran otkupot na kurtovska kapija

 

– Претходните години околу 21 септември почнуваше откупот на „куртовска капија“, а годинава почна на 4-5 август. Kлиматските услови и топлото време овозможија брзо зреење и црвенеење на пиперот и негова хиперпродукција под пластениците. Така што во овој период имавме големи количини „куртовска капија“ кои дел завршија како залихи во конзервната индустрија, за кои се надеваме дека ќе се потрошат во скоро време – вели Ване Митев, претседател на Сојузот на земјоделци, регионален центар Струмица.

Зголеменото производство во соседството, во Албанија, Србија и Хрватска, според Митев, е причина за застојот на ајварката во магацините на откупувачите и конзервната индустрија. Цената варирала од 14 до 16 денари за килограм во некои делови од Македонија.

– Ние сме постојано во контакт и со земјоделците и со откупувачите, но и со Министерството за земјоделство и инспекторатот. Нашите проценки се дека ќе биде откупено целото количество на ајварка. Временските услови се подобруваат, а, од друга страна, и граѓаните ќе почнат со традиционалното подготвување зимница, што ќе значи уште еден пазар плус за овој производ – вели Митев.

Според податоците на Сојузот на земјоделци, во Струмичко со „куртовска капија“ се засеани 4.000 хектари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close