fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Во Македонија зеленчукот е се поскап-цените се повисоки за 22,8 процнети

Граѓаните денес плаќаат речиси четвртина повеќе за доматите, пиперките, краставиците. Овошјето е поскапено за 3,3 насто, а индустриските растенија, меѓу кои тутунот и сончогледот, бележат пораст од 12,6 насто. Покрај тоа, значително е зголемена и цената на виното – за 15,2 процнети.

Цените на земјоделските производи во мај бележат значително годишно зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на растителното производство се повисоки за 12,7, додека кај добиточното производството зголемувањето изнесува 7,6 насто.

Најголем раст е забележан кај зеленчукот, каде што цените се повисоки за 22,8 процнети. Или, граѓаните денес плаќаат речиси четвртина повеќе за доматите, пиперките, краставиците. Овошјето е поскапено за 3,3 насто, а индустриските растенија, меѓу кои тутунот и сончогледот, бележат пораст од 12,6 насто. Покрај тоа, значително е зголемена и цената на виното – за 15,2 процнети.

Нема промени само кај житата и оризот. Единственот поевтинување е регистрирано кај компирот, чии цени во едногодишниот период се намалени за 9,4 отсто.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close