fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во Македонска Каменица повторно работи канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделието

Канцеларијата е сместена на вториот кат од општинската административна зграда и во истата земјоделците ќе можат да ги добијат потребните информации за тековните програми на Министерството за земјоделство.

Канцеларијата на Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во општина Македонска Каменица повторно ставена во функција. Канцеларијата е сместена на вториот кат од општинската административна зграда и во истата земјоделците ќе можат да ги добијат потребните информации за тековните програми на Министерството за земјоделство.

-Основна дејност на канцеларијата е прием на апликации од тековните програми, како и консултантски услуги од областа на земјоделието во врска со развојните програми и тековни проекти, информираа од АПРЗ во М.Каменица.

Канцеларијата како што додадоа, ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

-Во канцеларијата е вработено стручно лице, дипл. иженер – агроном, се со цел доближување на земјоделците до новините и тековните развојни процеси што разните владини и странски фондови ги нудат за развој на земјоделието, додадоа од Подрачната единица на АПРЗ.

Апелираа до земјоделците да ја искористат можноста и благовремено да се информирааат за сите новини поврзани со нивните барања од областа на земјоделието.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close