
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во нива во село Бeровци најден маж со прострелна рана во градите
Во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката
На 11.08.2026 во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од с. Беровци, прилепско пријавил дека во нива во атар на с.Беровци го пронашол починат, со прострелна рана во пределот на градниот кош, својот татко С.В.(68) од с.Беровци. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.




