fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Новаци се празнува Раѓањето на Пресвета Богородица

Нека ни е за многу години Мала Богородица

Во бисерот на Пелагонија, манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во Новаци денеска се одбележува големиот празник раѓање на Пресвета Богородица- Мала Богородица.
Синоќа со вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар започна празнувањето на големиот празник.
Манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во Новаци веќе децении наназад ја негува традицијата на одбележување на овој голем ден и празник не само за граѓаните од Новаци, туку и пошироко во регионот.
По повод празникот, градоначалникот Љубе Кузманоски упати честитка до сите верници со желба за добро здравје, среќа, благосостојба и негување на позитивните вредности.
“Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина .Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица токму во Новаци, многумина го наоѓаат својот духовен мир . Овој храм претставува скапоцен бисер и културен белег на нашиот народ.Традицијата на славење на овој голем празник и сите негови белези, нека и годинава бидат во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето.Сите заедно, сплотени, со верба во Господ и чиста мисла да го прославиме овој голем христијански празник .Нека ни е за многу години Мала Богородица “-истакна градоначалникот Кузманоски
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close