fbpx
ВестиТоп вести

Во Париз од 24 до 28 февруари  ќе се одржи Меѓународниот саем за земјоделство  СИМА

 

Меѓународниот саем  за земјоделство  СИМА 2019 во Париз од 24 до 28 февруари  ќе биде  собиралиште на земјоделоци од целиот свет. Можност за сите  оние што се занимаваат со земјоделство или пак нивната дејност е поврзана со земјоделството, на едно место да видат најразлични машини, опрема и технологија.

За овогодишниот саем СИМА очекува  1.770 изложувачи од 42 земји, 230.000 посети на професионалци од 135 земји и 360 странски делегации.  Се зголемува не само бројот на изложувачи туку и нови брендови кои со своите квалитети сакаат да се наметнат на  глобалниот пазар.

СИМА 2019 е посветена на иновации за поконкурентно земјоделство. Нуди богата  содржина со фокус на бизнисот.

  • „SIMA African Summit е меѓународен собир чија цел е запознавање на сите брзорастечки пазари во Африка.
  • На „SIMA Dealers Day ги носи дилерите од целиот свет.
  • „Тркалезни маси“ кадешто се дискутира за предизвиците и подобрувањата во земјоделството (органско земјоделство, агрономија, итн.)
  • „Start-up Villages, за дигитални и мрежни решенија во земјоделството.
  • „SIMAGENA, добиток, генетика, одгледување.

 

Организаторите го промовираат преку својата мрежа од 49 канцеларии и претставници, и преку внимателно избрани посетители коишто доаѓаат од 90 земји. Фокусот е на Источна Европа и Латинска Америка. Оваа година очекуваат посетители од 135 земји.

Организаторите овој пат нудат одлична можност за сите заибнтересирани земјоделци кои ќе ја посетат апликацијата на аемот СИМА да добијат бесплатна влезница за саемот.

https://badge.simaonline.com/accueil.htm?super_code=ARCADRI19)

Повеќе информации може да се добијат од

Tatiana Matijašević Médros. Promosalons Arc Adriatique. Mail: tmedros@promosalons.com Следете нѐ и поставувајте прашања на Фејсбок на https: //www.facebook.com/FRANCUSKISAJMOVI/

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close