Вести
Во ПЕ Кочани за субвенции аплицирале 3046 земјоделци
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани, за субвенции аплицирале 3046 земјоделци.
Во интервју за „Зелена Берза“ раководителот на ПЕ Кочани, Јордан Димитров не извести дека за млеко предадено во преработувачки капацитети 1 и 2 фаза се пријавиле 654 фармери.
За осигурување на примарно производство се пријавиле 20 фармери.
За финансиска поддршка за земјоделско и сточарско производство се пријавиле 3046 земјоделци.
Димитров истакна дека оваа година ПЕ Кочани има 100% исполнетост при пријавувањето на субвенции.